Роберт Јарни доби отказ од селекторската позиција на репрезентацијата до 17 години на Хрватска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јарни доби отказ откако Хрватскиот фудбалски сојуз ја потврди автентичноста на изјавата дека во мечот помеѓу Реал Бетис и Динамо во Конференциската лига ќе навива за Бетис, клубот каде што играше од 1995 до 1998.
„Со едногласна одлука на извршниоит одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз Роберт Јарни е разрешен од должноста селектор на У17 репрезентацијата по непримерните изјави во медиумите. Сметаме дека е непримрено и недозволиво човек кој е на чело на една хрватска репрезентација отворено да навива против било кој хрватски клуб во европските натпреварувања“, стои помеѓу другото во соопштението.
Изјавата поради која Јарни беше отпуштен гласеше:
„Па, за кого да навивам? Бетис е мој клуб и во него поминав три прекрасни години, а во Динамо не играв. Не знам кој би можел да ми замери. Јас останав хајдукове во срце“, изјави Јарни.