Дома Фудбал Навивачите на Баерн не можат да поверуваат што направи Тухел кога неговиот тим прими гол

Навивачите на Баерн не можат да поверуваат што направи Тухел кога неговиот тим прими гол

Баерн синоќа уште еднаш ги разочара своите навивачи откако загуби со 1:0 на гостувањето кај Лацио во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Томас Тухел беше под посебни критики за неговата реакција откако неговиот тим прими гол на Олимпико.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тухел најпрво се фати за глава кога Упамекано направи пенал и доби црвен картон, но кога Имобиле постигна гол, тој повторно беше во кадар на режисерот на овој пренос и она што го видоа навивачите на Баерн беше капката што ја прели чашата.

Имено, Тухел извадил лист и почнал да запишува нешто, а тоа ги иритирало фановите. Сметаат дека требало да стане и да реагира, и да им дава совети на играчите на лице место, наместо да запишува на ливчиња…

Според германските медиуми, крајот на Тухел во Баерн е многу блиску и нема да биде изненадување доколку добие отказ во следните неколку дена, на што се надеваат и навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп доби неочекувана улога на Зимските Олимписки игри!

Легендарниот поранешен тренер на Ливерпул и актуелен раководител на фудбал во групацијата …