Дома Фудбал На Баерн ова му се нема случено 251 натпревар

На Баерн ова му се нема случено 251 натпревар

Вториот ден од нокаут фазата и осминафиналето на Лигата на шампионите ни го донесе најголемото изненадување досега. Актуелниот вицешампион на Италија, Лацио, кој оваа сезона игра просечно во Серија А, на својот Олимпико во Рим го совлада Баерн Минхен со 1:0. Победничкиот гол за тимот на Маурицио Сари го постигна Чиро Имобиле од пенал во 69. минута.

Она што особено паѓа во очи е фактот што Баерн не упати ниту еден удар во голот на Лацио. Ова им се нема случено на официјален натпревар речиси пет години, поточно од 19 февруари 2019 година кога гостуваа кај Ливерпул исто така во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и одиграа 0:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во реваншот на домашен терен потоа беа елиминирани по поразот од 1:3.

Од тој натпревар во Ливерпул, Баерн одигра 251 натпревар во Лигата на шампионите, Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот на Германија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик бесен на судиите и фудбалерите: Сите видовте што се случи! (Видео)

Барселона доживеа пораз од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24. коло од Ла Лига. Гостит…