Дома Фудбал Анчелоти ја прокоментира спорната ситуација и поништениот гол на Лајпциг: „Видов…“

Анчелоти ја прокоментира спорната ситуација и поништениот гол на Лајпциг: „Видов…“

Реал Мадрид го победи домашниот тим со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите во Лајпциг со одличниот гол на Брахим Дијаз.

Реал беше фаворит, но во Германија му одеше тешко, а сега на големо се зборува и за поништениот гол за Лајпциг. За тоа се огласи и тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.

„Ни беше тешко, така е. Така е овде. Почетокот на првото и второто полувреме беше тежок за двете екипи, но тимот беше во игра, добро се браневме и покрај проблемите. Бевме опасни во транзициите, можевме да постигнеме повеќе голови, но можевме и да примиме, тоа е вистина. Лунин одигра одличен натпревар, најдобар натпревар. Играњето му дава самодоверба“, изјави Анчелоти по крајот на натпреварот.

Италијанскиот стручњак го коментираше и поништениот гол на Шешко во третата минута.

„Го видов тоа, беше во офсајд“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн објави каде ја продолжува кариерата

Хари Кејн отворено зборуваше за преговорите со германскиот гигант и практично потврди дека…