Дома Фудбал Останато „Ако ѕвездите на ПСЖ ги однесев во Јувентус, неколку пати по ред ќе бевме европски шампиони“

„Ако ѕвездите на ПСЖ ги однесев во Јувентус, неколку пати по ред ќе бевме европски шампиони“

Пари Сен Жермен од доаѓањето на катарските сопственици потроши над милијарда евра за да доведе ѕвзди како Меси, Мбапе, Нејмар…но овој тим се уште не успеал да ја освои Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден период, поточно една сезона голот на ПСЖ го чуваше и легендарниот Џанлуиџи Буфон кој во Париз пристигна од Јувентус, па потоа се врати во Торино.

Сега италијанскиот голман објасни зошто според него ПСЖ не може да ја освои титулата во најелитното европско натпреварување.

„Веднаш кога дојдов во ПСЖ сфатив зошто овој клуб не може да ја освои Лигата на шампионите. Тука има премногу ѕвезди и суети. Кога влегов во соблекувалната на мојот тим се запрепастив, ако сите тие играчи ги однесев во Торино тој тим неколку пати по ред ќе ја освојуваше Лигата на шампионите. Ако клубот не може да се носи со големината на имињата на фудбалерите, тогаш тие не се предност, туку мана“, објаснува Буфон.

Буфон по враќањето во Јувентус подоцна застана и на голот на Парма, клубот каде што ја започна кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…