Реал Мадрид во летниот преоден рок ја победи конкуренцијата за турскиот талент, Арда Гулер од Фенербахче.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката за потписот и за 22 милиони евра го донесе во Мадрид.
Меѓутоа, 18-годишниот фудбалер ја пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а сега не може да се избори со кокуренцијата.
Во Ла Лига одигра само 22 минути, а интерес за него покажува Милан и сака да го доведе на лето на „Сан Сиро“.
Милан го сака на двегодишна позајмица со право на откуп, по принципот на Брахим Дијаз, а Реал е спремен да го пушти ако во договорот биде ставена бајбек клаузула.