Германскиот весник „Билд“ ласираше вистинска „бомба“ и тврди дека Жозе Мурињо наскоро може да седне на клупата на Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Работите не одат во добра насока за Баерн оваа сезона и би можеле по повеќе од една деценија доминација да ја загубат шампионската титула во Бундес-лигата.
Се уште нема конкретни преговори, со оглед дека раководството му даде доверба на Тухел и по вчерашниот болен пораз од Леверкузен.
„Мурињо мудро чека. Тој веќе учи германски и сака да пристигне комплетно подготвен. Во неколку наврати „кокетираше“ со Баерн, но сега има вистинска шанса. За него тоа би бил „кам-бек“ на големата сцена и одново ќе предводи вистински гигант“, пренесува „Билд“.
Тухел најверојатно ќе замина на крајот на сезоната, а негова замена би требало да биде токму Жозе Мурињо.