Дома Фудбал Англија Никој како Халанд: Норвежанецот испиша нова историја во Премиер лигата

Никој како Халанд: Норвежанецот испиша нова историја во Премиер лигата

Maнчестер Сити со 2: 0 го победи Евертон на домашен терен во Премиер лигата, а двата гола во овој натпревар ги постигна норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Халанд во вториот дел ги постигна двата погодоци кои за него беа 50-тиот и 51-виот во англиската Премиер лига. Така тој испиша историја бидејќи за 50 одиграни натпревари колку што има Халанд во најсилната англиска конкуренција никој не постигнал толку голови.

Победата за Манчестер Сити беше важна бидејќи го презема врвот на табелата од Ливерпул.

Евертон од друга страна остана 19 бодови и во опасната зона на 18-тата позиција. Треба да се истакне и дека на овој натпревар Кевин Де Брујн ја запиша својата петта асистенција во неговиот шести настап по враќањето од повредата поради која паузираше подлого време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…