Дома Фудбал Репрезентации Медиумите во Перу „БЕСНИ“: ФИФА ќе го намести натпреварот!

Медиумите во Перу „БЕСНИ“: ФИФА ќе го намести натпреварот!

Медиумите во оваа земја тврдат дека сценариото е спремно, а сметаат и дека имаат веќе докази, но кога ќе се размисли подобро сомнителен е тајмингот кој го избра ФИФА.

Аргентина во ноќта која следи со почеток 01:30 часот ќе го одигра натпреварот против Перу, двата тима во претпоследното коло за Мундијалот влегуваат со по 24 бода.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Четвртиот обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека оној кој ќе биде петти ќе мора да игра бараж против Нов Зеланд, но доколку Аргентина не победи би можеле да бидат и шести бидејќи Чиле има само бод помалку и игра против Еквадор.

Како и да е, работата ја искомплицира Џани Инфантино, генералниот секретар на ФИФА кој пристигна во Буенос Аирес на два дена пред натпреварот.

Перуанските медиуми откриле дека тој се сретнал со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, па очекувано веднаш започнаа теориите на заговор.

Дури ниту на самите Аргентинци не им беше пријатно.

„Што има да доаѓа токму пред овој натпревар, тоа ќе ги зголеми сомневањата, доколку сме во ситуацијата на Перу и ние исто би мислеле“, се некои од коментарите.

Според официјалните информации Инфантино е во Аргентина поради преговорите за Мундијалот во 2030 години за кој се заинтересирани Аргентина, Уругвај и Парагвај. Меѓутоа тајмингот е целосно погрешен, тој ќе го следи натпреварот, а судијата сигурно ќе биде под голем притисок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…