Дома Останати Кошарка Хаос во Белград: Навивачите ги нападнаа кошаркарите на Партизан, па се степаа меѓу себе! 🎥

Хаос во Белград: Навивачите ги нападнаа кошаркарите на Партизан, па се степаа меѓу себе! 🎥

Петте порази во низа ги налутија навивачите на Партизан кои вчера ги нападнаа и играчите на својот тим.

Црно-белите беа поразени од Баерн на домашен терен и иако Партизан се уште има шанси да дојде барем до плејинот, навивачите збеснаа. Тие вербално ги нападнаа кошаркарите по натпреварот, а веројатно да не беше обезбедувањето ќе дојдеше и до физички контакт.,

Кошаркарите со помош на полицијата и обезбедувањето беа испратени во соблекувалната. Полскиот репрезентативец Матеуш Понтика не можеше да ги истрпи критиките, па тргна да возврати.

Кога кошаркарите веќе беа во тунелот дојде до тепачка меѓу навивачите на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама ги шокираше Американците, летово порасна за уште пет сантиметри

Виктор Вембанјама наводно ова лето додаде уште пет сантиметри на својата висина, достигнув…