Тимот на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап а три пати бил стрелец на голови.
Роџерс е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. По заминувањето од турската екипа тој доби понуди од повеќе клубови од Европа но се одлучи кариерата да ја продолжи во Првата Македонска Фудбалска лига.
Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството кое го почнуваме со тимот на Силекс во Кратово.