Дома Фудбал Останато Започна судењето на Алвес: Може да добие и затворска казна од 12 години!

Започна судењето на Алвес: Може да добие и затворска казна од 12 години!

Денеска во 10 часот во судот во Барселона започна судењето на поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алвес кој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата подолг период се наоѓа во притвор, а е обвинет за дело кое наводно го сторил ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви декември 2022 година.

Девојка го обвини Бразилецот дека во тоаелтот од ноќен клуб во Барселона сексуално ја нападнал. Во притвор Алвес е од јануари 2023 година, одбраната на Бразилецот бараше да се брани од слобода, меѓутоа таа опција беше одбиена поради можноста за бегство.

Медиумите во Шпанија со голем интерес го следат судењето и за истото биле акредитирани дури 270 новинари и најавено е дека во случајот ќе сведочат најмалку 28 лица. Обвинителството за Алвес бара казна затвор од девет години, меѓутоа со приватните тужби Бразилецот би можел да добие и 12 години затворска казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел призна дека е виновен за елиминацијата на Англија, но не се кае

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги брани своите тактички одлуки по поразот од Аргентин…