Почина последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година, Курт Хамрин. Поранешниот напаѓач на Шведска имаше 89 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хамрин беше последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година со Бразил (2:5). Од шведската репрезентација од тој состав жив е само Уве Олсон, кој не играше во финалето.
Во текот на својата кариера Хамрин играше за АИК, Јувентус, Падова, Фиорентина, Милан, Наполи и Стокхолм.
Дресот на Фиорентина го носеше на повеќе од 300 натпревари и во период од девет години постигна 208 голови. Неговиот рекорд не го надмина ниту славниот Аргентинец Габриел Батистута кој остана на второто место на вечната листа.