Дома Фудбал Голманот на Јужна Африка одбрани четири пенали и обезбеди полуфинале🎥

Голманот на Јужна Африка одбрани четири пенали и обезбеди полуфинале🎥

Репрезентацијата на Јужноафриканската Република е последниот полуфиналист на Африканскиот куп, откако во четвртфиналето после подобро изведување на пенали ги победи Зеленортските острови.

Регуларниот дел заврши без погодоци, а мрежите мируваа и во продоженијата, па така се пристапи кон изведувањето на пенали.

При изведувањето на пенали херој стана капитенот на Јужна Африка, голманот Ронвен Вилијамс кој одбрани четири удари од белата точка.

Со тоа Вилијамс постави рекорд бидејќи никој во историјата на едно континентално натпреварување не одбранил четири од пет удари од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем и Њукасл го следат Де Винтер, но Милан ги држи картите

Белгискиот дефанзивец е на радарот на неколку премиерлигаши, но договорот до 2030 година и…