Дома Македонски спорт Димиевски иницијаторите за негова смена ги нарече – неписмени!

Димиевски иницијаторите за негова смена ги нарече – неписмени!

Како и што се најави со закажаното Собрание на Иницијативниот одбор два дена пред официјалното на МОК (ТУКА) во македонскиот олимпизам ќе гледаме „војна“ во наредниот период.Д

Денеска Инизијативниот одбор за смена на Димевски објави мејл со кој ја објавува во најмала рака чудната комуникација на Димевски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во продолежние ви ја пренесуваме целосната содржина:

„Почитувани,

Овој меил сте го адресирале на мене и испратиле на мојот приватен меил и во тоа својство како Даниел Димевски ќе ви одговорам. Редовна пракса на ИОК сите свои официјални ставови да ги доставува до Меѓународните спортски федерации од кои бара да ги почитуваат и спроведат. Така било, е и ќе биде и понатаму, чинело некому или не. Игнорирањето или уште полошо, непочитувањето на ставот и насоките на ИОК е опасен ризик за секој еден член на било која признаена спортска организација.

Се потпишувате како иницијативен одбор и креирате адхок меил адреси без име на сопственикот само да се сокриете зошто знаете дека за ова силување на членовите и системот некој ќе одговараа на крајот. Трагично е да зборувате за притисок на луѓево адресирани во меилов кога душа им земавте од малтретирање.

На крај седнете малце прочитајте актите на МОК, што и како може и треба. Корисно е да се описмените. И не се пишува Инициативен туку Иницијативен одбор.

НЕПИСМЕН!!!

Спортски поздрав,

Се гледаме на осми февруари

Даниел Димевски“.

Навистина начинот на комуникација за еден претседател на МОК е навистина чуден. Редовното собрание е закажано за на 8-ми февруари со почеток од 18:00 часот. Димевски е претседател на МОК од 2020 година кога дојде на местото на Васил Тупурковски кој цели 28 години беше на чело на оваа организација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…