Дома Трансфер зона Рашфорд спрема предавнички трансфер

Рашфорд спрема предавнички трансфер

Маркус Рашфорд оваа сезона не игра на очекуваното ниво, а последните неколку дена беше во центарот на вниманието поради скандал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се забавуваше во ноќен клуб во Белфаст и го пропушти тренингот, па доби казна, но и жестоки критики од фановите.

Англиските медиуми сега пренесуваат дека Рашфорд не е задоволен на „Олд Трафорд“ и спрема сензационален трансфер.

Имено неговото име се поврзува со преселба во Арсенал, кој е силно заинтересиран за Англичанецот.

Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, па тешко е да се поверува дека „црвените ѓаволи“ ќе го пуштат во големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…