Дома Фудбал Англија Клоп пред денешното дерби има едно барање од навивачите

Клоп пред денешното дерби има едно барање од навивачите

Пред натпреварот против Челзи во Премиер лигата, Јирген Клоп ги повика навивачите да заборават дека го најави своето заминување на крајот од сезоната.

Натпреварот против Норвич во ФА Купот дојде само два дена откако Клоп објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул. Голем дел од навивачите во тој натпревар го скандираа неговото име.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За неговото заминување Клоп зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот со Челзи.

„Сакам на крајот уште еднаш да им се заблагодарам на навивачите за поддршката во недела, но во исто време имам и едно барање – вечерва повторно ни треба вашата поддршка. Овој натпревар е прилика да заборавите дека заминувам на крајот од сезоната и да дадете се од себе за да го направите натпреварот непријатен за ривалот. Ако тоа го направиме заедно ќе одиме чекор напред“, изјави Клоп.

Во исто време Ливерпул најави дека последните месеци на клупата на Клоп ќе бидат прикажани во документарец низ повеќе епизоди со многу материјал од зад камерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…