Дома Топ вести Коста не е единствен, Атлетико на чекор од договор со уште еден напаѓач!

Коста не е единствен, Атлетико на чекор од договор со уште еден напаѓач!

Атлетико Мадрид веќе работи на засилувањата за вториот дел од сезоната, Диего Коста веројатно е само првиот во низата фудбалери кои ќе ги засилат „јорганџиите“.

Познато е дека повеќе нема дилеми и дека Диего Коста ќе стане нов фудбалер на Атлетико Мадрид и тоа втор пат во кариерата, Бразилецот со шпански пасош, право на настап за овој клуб ќе има од јануари кога во клубот би можеле да пристигнат уште неколку засилувања.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Симеоне во летниот период не доведуваше фудбалери поради неговата забрана, но затоа во јануари се очекуваат нови засилувања.

Диего Коста е само првото, а второто би можел да биде уште еден напаѓач.

Условите со Лаутар Мартинез, 20 годишниот напаѓач на аргентински Расинг се веќе договорени, останува само клубот од Мадрид да постигне договор со неговиот клуб.

Мартинез за млата репрезентација на својата земја постигна осум погодоци на 11 натпревари и со то го сврте вниманието на неколку европски клубови. Најголем конкурент на Атлетико во трката за овој потпис е Монако.

Сепак Атлетико има голема предност, со оглед на тоа дека веќе ги договори личните услови со фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…