Фудбалерите на Јордан на неверојатен начин се пласираа во четвртфиналето од Купот на Азија во Катар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во осминафиналето во Доха Јордан славеше со 3:2 против Ирак и тоа со пресврт кој го режираа со два гола во судиското продолжение.
Ирак одигра одлична групна фаза и ја победи дури и Јапонија која е прв фаворит за освојување на турнирот, па така направи изненадување во костурот поради што се случи и да гледаме големо дерби помеѓу Саудиска Арабија и Јужна Кореја уште во осминафиналето.
По таква групна фаза се очекуваше Ирак да дојде најмалку до четвртфиналето, но паднаа на првата препрека во нокаут фазата и тоа во натпреварот со селекцијата која тука се пласираше како една од четирите најдобри третопласирани во групите.
Јордан поведе во финишот од првото полувреме, Ирак со головите во 68-та и 76-та минута направи комплетен пресврт. Кога се мислеше дека се е готово Јордан со два гола во 95-та и во 97-та приреди големо изненадување.
За место во полуфиналето тие ќе се борат против дебитантот Таџикистан кој вчера славеше против ОАЕ.