Дома Фудбал Сензација во ФА Купот: Шестолигаш елиминираше кандидат за влез во Премиер лигата!

Сензација во ФА Купот: Шестолигаш елиминираше кандидат за влез во Премиер лигата!

Шестолигашот Мејдстон приреди вистинка сензација во англискиот ФА Куп и го елиминираше второпласираниот тим во Чемпионшип Ипсвич со 2:1.

Фудбалерите на Мејдстон упатија само два удари кон противничкиот гол, но и тие им беа доволни да постигнат два гола и да остварат антологиски успех. Ипсвич од друга страна испрати 38 удари кон голот и имаше 78% на топка.

Гостите поведоа со голот на Ламар Рејнолдс во 43-тата минута, потоа следуваше изедначување преку Џереми Сермиенто, а голот за историска победа го постигна Сем Корн во 66-тата минута.

Се обидуваше Ипсвич и напаѓаше, меѓутоа не се извлече од сензационален пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…