Дома Фудбал Останато Историска одлука: Поради грешка на ВАР ќе се преигра натпревар

Историска одлука: Поради грешка на ВАР ќе се преигра натпревар

Во белгискиот фудбал се донесе историска одлука, натпреварот помеѓу Андерлехт и Генк кој се играше пред три дена ќе биде преигран поради грешка на ВАР.

Андерлехт во тој натпревар победи со 2:1, а причината за повторување на натпреварот е моментот кој се случи во 23-тата минута. Тогаш напаѓачот на Генк, Јира Сор постигна гол. Имаше пенал за Генк, Шмајхел го одбрани ударот, а одбиената топка Сор ја смести во мрежата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во ВАР собата судиите реагираа сметајќи дека Сор влегол во шеснаесетникот пред Хејнан да го изведе пеналот. Но, освен Сор во казнетиот простор имаше и уште двајца фудбалери на Андерлехт, па така според правилата пеналот требаше да биде повторен, а не голот да се поништи.

Генк поради тоа поднесе жалба и Дисциплинската комисија утврди дека клубот е во право и конечната одлука е натпреварот да се преигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Контроверзии за водечкиот гол на Барселона: Телевизискиот кадар и ВАР снимката – не се совпаѓаат! (Видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампион…