Дома Останати Данска се избори за финале на ЕП

Данска се избори за финале на ЕП

Репрезентацијата на Данска се пласираше во финалето на Европското првенство, откако со 29:26 славеше над Германија во Ланхес арената во Келн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Панцерите“ беа рамноправен противник само во првото полувреме, постојано беа во водство, на моменти имаа и +3, и на пауза заминаа со предност од 14-12.

Данците во вториот дел ја презедоа контролата, во 13 минути и дозволија на Германија да постигне само три гола, а во последните десет минути апсолутно доминираа и дојдоа до пет гола разлика.

Германија иако домаќин, не успеа да им парира на Данците, кои на крај победија со 29:26 и закажаа пресметка за злато со Франција.

Хансен, Јакобсен и Питлик со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Усцинс со ист број погодци беше најпрецизен кај Германците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ПСЖ го доведе и вториот тренер кој освои европска титула со Вардар!

Францускиот ракометен шампион ПСЖ официјално го потврди назначувањето на Роберто Гарсија П…