Тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица е суспендиран на три натпревари во Бундес лигата и казнет со 25.000 евра поради инцидентот со фудбалерот на Баерн, Лирој Сане.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бјелица нагласи дека не планира да му се извини на Лерој Сане откако го удри во лице на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин.
Дисциплинското тело го суспендираше Бјелица на три меча, но истовремено му изрече и парична казна од 25 илјади евра поради недоличното однесување.
„Не реагирав онака како што требаше, тоа што го направив секако не беше во ред. Сепак, треба да се разбере дека и јас бев провоциран. Не одев никаде, бев во мојот простор и сакав да му ја земам топката и да ја дадам на Сане. Тој ме истурка од мојот простор, провоцираше и секако дека ќе реагирам“, изјави Бјелица.
Nenad Bjelica vs Leroy Sané pic.twitter.com/xYgkrcTDaO
— Sir ALTINAY (@AItinay) January 24, 2024