Од денеска легендарниот Андреј Шевченко е нов претседател на Фудбалската асоцијација на Украина.
Изборот на Шевченко беше и очекуван на 25. конгрес на ФА, а фаворитската улога на украинската легенда се потврди откако за него гласаа 93 од 94 делегати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За прв потпретседател беше избран Павло Бојчук, додека негови соработници ќе бидат уште Сергеј Ребров и Олександар Шевченко.
„Украинскиот фудбал треба да биде достапен за сите, репрезентацијата е гордост на секој Украинец, сакаме и силни клујбови затоа ќе работиме според најдобрите светски методи за брз развој. Пред нас има многу работа“, изјави Шевченко по изборот.
Шевченко претходно беше и селектор на Украина, а седна и на клупата на италијанска Џенова. Во последниот период имаше понуди да се врати на тренерската работа, но се фокусираше на намерата да го води украинскиот фудбал.