Играчот за врска на Барселона, Серхио Бускетс порача дека, иако е роден Каталонец, ќе игра уште долго за Шпанија.
На тренингот на репрезентацијата на Шпанија, Џерард Пике доживеа бројни навреди и исвиркувања од страна на навивачите, кои му замерија што јавно се залага за независноста на Каталонија, а по тоа прашање покрај него не застана ниту Серхио Бускетс. Дури, во разговор за Кадена Сер индиректно го критикуваше Пике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Посветен сум на фудбалот, сигурно е тоа подобро отколку да пишувам на твитер. Секој од нас мора да користи здрав разум“, истакна Бускетс.
Шпанскиот репрезентативец продлжи:
„Ова ми се најтешките моменти во репрезентацијата поради се што се случува. Тешко дека ќе се реши случајот со Пике. Она што се случи на тренингот беше тешко. Не знам зошто одлучија да го отворат тренингот за навивачи“.
Се осврна Бускетс и на својата иднина во репрезентацијата.
„Јас сум еден од играчите со најдолг стаж, се надевам дека уште многу години ќе минам во националниот тим. Само да ми дозволи телото“, заклучи 29-годишниот фудбалер.