Дома Останати Синер закажа полуфинале со Ѓоковиќ

Синер закажа полуфинале со Ѓоковиќ

Јаник Синер го надигра Андреј Рубљов и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен каде ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

За 22-годишниот Синер ова е второ грен – слем полуфинале по ланското во Вимблдон во кое загуби против својот следен противник во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синер го доби првиот сет со 6-4, а во вториот иако Рубљов имаше водство од 5-1 сепак следуваа шест поени по ред на Италијанецот за 7-5 и водство од 2-0 во сетови.

Во третиот сет Синер беше подобар со 6-3 и конечна победа од 3-0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…