Новак Ѓоковиќ изгуби сет, но успеа да обезбеди полуфинале на Австралија Опен победувајќи го со 3:1 Американецот, Тејлор Фриц.
Во меч кој траеше 3 часа и 48 минути Ѓоковиќ имаше проблем со брејк топките, а посебно долги беа првите два сета кои се играа повеќе од два ипол часа. Ѓоковиќ во нив пропушти дури 15 брејк топки што не се памети кога претходно му се случило.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По првите два сета следуваше многу подобра игра на Ѓоковиќ кој не дозволи изненадување. Можеби одлучувачки на крајот беа 39. Неизнудени грешки кои ги имаше Фриц.
Треба да се каже дека досега секогаш кога Ѓоковиќ стигнувал до полуфиналето на Австралија Опен и го освојувал турнирот. За место во финалето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Синер и Рубљев.
#Djokovic 🎾
— -🇦🇺|🇺🇲- (@KINGDEMANACATOS) January 23, 2024
The champ through to semi-final 👏👏👏 #AO2024 | #AO24 pic.twitter.com/JVVXFUozxZ