Дома Фудбал Англија Островот е шокиран: Ова е фаворитот за наследник на Антонио Конте кој се враќа во Италија?!

Островот е шокиран: Ова е фаворитот за наследник на Антонио Конте кој се враќа во Италија?!

Италијанскиот стратег, Антонио Конте во следната сезона веројатно нема да ја предводи екипата на Челзи.

Неодамна англиските медиуми објавија дека е извесно дека Конте ќе замине од клупата на „Плавите“ на крајот од сезоната, а медиумите во Италија денес ја пласираа информациите дека тој би можел да го преземе Милан во иднина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Конте како што се наведува има желба да се врати во Италија и речиси е сигурно дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Англиските обложувалници ги објавија квотите за новиот менаџер на англискиот тим, а најголем фаворит за преземање на тимот и германскиот стратег, Томас Тухел. На него е понудена квота 3,00, а со оглед на тоа дека кладилниците секогаш имаат онформација повеќе од обичните луѓе, Тухел сигурно е кандидат за клупата на „Плавите“.

Уште еден Гемрнаец меѓу кандидатите е и Јоаким Лев, чија квота е 7.

Најмали се шансите за Луи Ван Гал кому му е дадена квота 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан ја реши иднината на Вокер, но што ќе се случи со Ернандез?

Кајл Вокер сè уште не знае каде би можел да игра следната сезона.  Овој фудбалер е на поза…