Дома Останати Франција ја победи Австрија и се пласира во полуфинале

Франција ја победи Австрија и се пласира во полуфинале

Француската ракометна репрезентација ја победи Австрија со резултат 33:28 во третото коло од главната фаза на Европското првенство во Германија.

Французите со оваа победа и математички си обезбедија една од првите две позиции на табелата кои носат пласман во полуфиналето.

Првото полувреме беше прилично изедначено, а на паузата Австријците водеа со 16:15. Французите го зголемија темпото и засилужено стигнаа до победа.

Дика Мем и Лудовик Фабрегас постигнаа по 7 гола кај Французите, додека кај Австрија Хутецек и Билик завршија со по 6 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…