Дома Трансфер зона Милан пронајде напаѓач во Њукасл?

Милан пронајде напаѓач во Њукасл?

Калум Вилсон, напаѓачот на Њукасл има уште 18 месеци од неговиот важечки договор со англискиот фудбалски клуб.

Клубот не планира да го испрати својот играч на позајмица, но Милан покажува интерес да го откупи договорот на Вилсон, пренесува „Дејли Мејл“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Претходно Атлетико Мадрид беше одбиен од Њукасл кој инсистира дека 31-годишниот играч нема да го напушти „Ст. Џејмс Парк“ во јануари.

Сезонава во Премиер лигата моментно има до сега седум голови од седум настапи за Њукасл чиј дрес го носи четири години. Неговиот лански учинок во елитата беше 18 погодоци од 31 меч.

Претходно во кариерата Вилсон играше и за Борнмут, Ковентри сити, Тамворт и Кетеринг таун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…