Дома Фудбал Италија Нов скандал во Италија: На Наполи ќе му се одземаат бодови?!

Нов скандал во Италија: На Наполи ќе му се одземаат бодови?!

Според последните информации од Италија, екипата на Наполи би можела да се соочи со казна и одземање на бодови поради лажно сметководство.

Информациите на италијанските медиуми се дека првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис е под истрага за трансферот на Виктор Осимен. Трансферот на нигерскиот напаѓач беше под истрага поради играчите кои Наполи ги испрати во Лил како дел од зделката. Клубот беше обвинет дека на фудбалерите им биле додавани лажни вредности, односно цените биле „напумапни“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Осимен пристигна во клубот во летото 2020 година и беше наведено дека клубот платил 71,2 милиони евра за напаѓачот. Четири играчи му беа понудени на Лил како дел од трансферот и според Наполи, тие играчи беа проценети на 21 милион евра. Стануваше збор за фудбалерите Луиџи Лигоури, Клаудио Манци, Чиро Палмиери и голманот Орестис Карнезис.

На крајот и покрај тоа што се работи за висока сума сите четворица фудбналери „исчезнаа“ од фудбалската мапа.

Ако се потврди дека Де Лаурентис мамел во овој случај казната која ќе ја добие Наполи ќе биде парична, плус одземање бодови во тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…