Паоло Малдини е легенда на Милан и како директор заврши одлична работа и ги врати „росонерите“ на победнички патеки, па затоа беше чудно што ова лето го напушти клубот.
Малдини пред почетокот на сезоната замина од Милан поради недоразбирање со сопственикот Гери Кардинале, кој никако не можеше да му прости неколку грешки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај трансферот на Де Кетеларе, кој никогаш не ги оправда вложените 35 милиони, сепак Малдини најголемата грешка ја напрабил со Енцо Фернандес.
Милан можел да го доведе Аргентинецот за само 12 милиони евра од Ривер Плата и се било договорено, но Малдини го стопирал трансферот.
Енцо Фернандес за истата сума се пресели во Бенфика, одигра одлично на Светското првенство и после шест месеци беше продаден во Челзи за 121 милион евра.
🚨 AC Milan rejected the chance to sign Enzo Fernandez for just €12M 18 months ago! 🤯🇦🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 18, 2024
The Argentine joined Benfica instead, went on to win the World Cup and then Chelsea paid €121M for him. 💰
(Source: @TMWMagazinePage) pic.twitter.com/irfgWLdNs3