Раководството на Барселона според последните информации од Шпанија сака на позајмица да го доведе крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ерик Тен Хаг нема некоја доверба во Бразилецот, па поради тоа е и изненадување што Барселона сака да го доведе. Антони минатата година имаше проблеми со заканот, а откако се врати во тимот не игра на највисоко ниво.
2023 година ја заврши со само еден гол и без асистенција, додека очекувањата од него беа далеку поголеми бидејќи Јунајтед плати сума од 95 милиони евра.
Медиумите шпекулираат и дека агентот на Антони го понудил на Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра, меѓутоа „кралевите“ ја одбиле таа опција.