Поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов порача дека гласините за неговото враќање во октагон не се точни.
Дагестанецот потврди дека станува збор само за шпекулации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„УФЦ 300 ќе се одржи без мене, исто како и сите настани понатаму“, потврди Кабиб.
По оваа изјава на Кабиб беше откриено и дека тој одбил понуда вредна 40 милиони долари да се врати.
„Кабиб ни кажа дека одбил 40 милиони долари да се врати во УФЦ. Не знам детали за тоа колку борби му понудиле, само ни кажа одбив 40 милиони долари, но толку е дефинитивно завршив“, изјавил Даниел Кормиер кој бил негов тренинг парнтер.
УФЦ 300 евентот е закажан за во Лас Вегас на 13-ти април.