Дома Фудбал Италија Стигна во Јувентус како големо засилување, но испадна големо промашување!

Стигна во Јувентус како големо засилување, но испадна големо промашување!

Јувентус ова лето ангажираше неколку нови фудбалери, а како најголемо засилување секако беше крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Даглас Коста.

Бразилецот пристигна на едногодишна позајмица со задолжителен откуп на крајот на сезоната, а целиот трансфер ја чинеше „старата дама“ 46 милиони евра.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа, Даглас Коста не ги оправда вложените средства бидејќи никој во Торино не е задоволен од неговиот придонес на стартот на сезоната.

Бразилецот не покажа буквално ништо. После осум запишани настапи и 391 минути поминати на теренот, Коста не се запиша во листата на стрелците,а не запиша ниту една асистенција.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри не е задоволен, тој сака од својот крилен фудбалер да има конкретен придонес во офанзивните задачи, но и да работи во дефанзива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ултрасите на Аталанта со акција против Лукман

Поддржувачите на Аталанта јасно покажаа што мислат за напаѓачот Адемола Лукман, нарекувајќ…