ЈУВЕНТУС го победи Сасуоло со 3:0 во Торино во 20. коло од Серија А.
Торинскиот тим по 37 минути поведе со 2:0 со прекрасните голови на Душан Влаховиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Српскиот центарфор прво погоди во 15. минута, кога со добар удар од далечина го совлада гостинскиот голман Андреа Консигли.
Голот погледнете го ТУКА
Уште поубав гол Влаховиќ постигна во 37. минута. Овој пат напаѓачот на Јувентус постигна гол од слободен удар. Топката ја допре гредата на патот до мрежата, а голманот Консигли немаше шанса.
Вториот гол на Влаховиќ погледнете го ТУКА
Третиот гол за Јувентус го постигна Федерико Киеза во 89. минута од натпреварот. Во следното коло Јувентус гостува кај Лече, а Сасуоло оди во Монца.