Дома Фудбал Тага во Германија: Почина претседателот на Херта

Тага во Германија: Почина претседателот на Херта

Taжна вест ни пристигнува од Германија каде што почина претседателот на Херта, Кај Бернштајн во 43-тата година од животот.

Бернштајн во Херта извршуваше повеќе функции. Прво беше сопственик на маркетиншка агенција, додека еден период беше и предводник на навивачите.

Местото претседател на Херта го извршуваше од јуни месец 2022 година. На изборите во клубот доби 1.670 гласови од присутните 3.016 членови на клубот и така беше избран пред Франко Штефел.

„Кај Бернштајн неочекувано почина на 44 години. Целиот клуб, неговите соседи и вработените во клубот се длабоко изненадени“, стои во објавата на Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед и Челси тргнале по Батурина, Комо поставил скапа пречка

Англиските медиуми тврдат дека двата клуба веќе контактирале со Комо, но процените за вред…