Дома Фудбал Познато кој ќе го наследи Мурињо на клупата на Рома

Познато кој ќе го наследи Мурињо на клупата на Рома

Жозе Мурињо од утрово и официјално повеќе не е тренер на Рома, а веќе се најавува кој ќе биде неговиот наследник.

Според експертот за трансфери, Фабрицио Романо, нов тренер на Рома ќе биде клупската легенда Даниеле Де Роси.

Де Роси наскоро би требало да биде официјално промовиран на клупата на „волчицата“ како нов стратег.

Имено, Де Роси е вистинска легенда на римскиот клуб каде што помина цели 18 години, а кариерата ја заврши во Бока Јуниорс каде што одигра една сезона. Како тренер засега има скромна кариера и го водеше само СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…