ЛИОНЕЛ МЕСИ (36) е прогласен за најдобар фудбалер во 2023 година по избор на ФИФА.
Аргентинецот имаше 48 поени, исто колку и норвешкиот голгетер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (23).
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Но, Меси го доби признанието затоа што поголем број капитени на репрезентациите му дадоа максимални пет бода, а така гласи членот 12 од правилникот за избор.
Напаѓачот на ПСЖ, Французинот Килијан Мбапе (25) собра 35 бода и го освои третото место.
Иако беа финалисти, ниту еден од тројцата фантастични фудбалери не се појавија на церемонијата наречена „The Best FIFA Football Awards“ која се одржа во Лондон.