Eкипата на Барселона поради финансискиот фер-плеј нема да може да купува играчи во јануарскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спорткиот директор на каталонците, Деко потврди дека во јануари нема да има нови имиња.
„Финансискиот фер-плеј погоди многу клубови, па и нас. Во овој момент не можеме да купуваме нови играчи, тоа е реалноста“, истана Деко.
Се шпекулираше и дека Чави повеќе не е сигурен на клупата поради лошите резултати во последно време, но шпанскиот стратег ја има поддршката.
„Позицијата на Чави не е загрозена. Има целосна доверба од сите во Барселона. Разочарани сме, но нашиот план не може да се промени поради еден пораз“, изјави Деко.