Дома Фудбал Останато Солскјер се враќа и тоа како селектор?!

Солскјер се враќа и тоа како селектор?!

Oле Гунар Солскје би можел да се врати на тренерската работа по двегодишна пауза.

Откако во ноември 2021 година доби отказ во Манчестер Јунајтед, Солскјер се уште ја чека вистинската понуда, а сега наводно му е понудено местото селектор на Шведска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јане Андерсон поднесе оставка откако не успеа да ја одведе оваа репрезентација на Европското првенство и селекторската позиција е слободна.

Солскјер веќе одби понуди од Саудиска Арабија како и од турски Бешикташ бидејќи се надеваше на враање во Премиер лигата, сепак селекторска позиција за него можеби е повеќе примамлива.

„Имав понуди во последно време, две од Саудиска Арабија. Мојот најдобар пријател кој ми е и агент одлучи сите да ги одбиеме. Кога во кариерата си го водел Манчестер Јунајтед критериумите се поинакви. Ја сакам Англија и Премиер лигата“, изјави во септември Солскјер.

Останува да се види дали местото селектор на Шведска ќе биде доволно примамливо за Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Надал не е сигурен: На Ролан Гарос ќе игра само под еден услов

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше елиминиран од турнирот во Рим и сега е насочен да биде…