Дома Фудбал Мане по долгогодишна врска се ожени со 18-годишна девојка. Сега се огласи нејзиниот татко

Мане по долгогодишна врска се ожени со 18-годишна девојка. Сега се огласи нејзиниот татко

Еден од најдобрите светски фудбалери Садио Мане оваа сезона како и многу други големи ѕвезди се пресели во Саудиска Арабија каде настапува за Ал Наср.

Сепак, последните денови 31-годишниот Сенегалец е во центарот на вниманието не поради фудбалот, туку затоа што се ожени со Ајша Тамба, која само што наполн и 18 години, со која претходно имаше долгогодишна врска.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега по тој повод се огласи таткото на Ајша (18), Амаду Тамба.

Мојата сопруга и Ајша еден ден го посетија неговото (на Мане) семејството и тогаш тој ја запозна за прв пат. Веројатно видел нешто посебно во неа и неговите родители ја ценеле. Дојдоа да ме видат. Разговаравме за традицијата, се договоривме и чекавме да се случи овој ден – рече таткото на младата Ајша.

Потоа го отфрли секое сомневање дека Ајша била принудена да се омажи за Мане.

Со неговите вредности и се што слушна за него, таа доброволно прифати. Но како родители и ние ја водевме и ја советувавме да одлучува сама. Бог го направи најдоброто за неа.

На крајот тој зборуваше се најдобро за поранешниот ас на Ливерпул и Баерн.

Знаев дека Садио и целото негово семејство се многу добри и скромни луѓе. Садио беше само одраз на неговото семејство. Меѓутоа, како татко морав да научам повеќе за него, неговото образование, верата во Бога… И дознав дека е многу добра личност – изјави Амадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…