Дома Фудбал „Суперкупот постои само за Барса и Реал, требаше да го напуштиме натпреварот“

„Суперкупот постои само за Барса и Реал, требаше да го напуштиме натпреварот“

Барселона вчера ја победи Осасуна во второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп и закажа финале против Реал Мадрид.

Барселона подолг период се мачеше да го скрши отпорот на Осаусна, а двата гола ги постигна во вториот дел. Но по мечот фудбалерите на Осасуна истакнуваа дека се ограбени.

Посебно се истакнува ситуацијата при голот на Роберт Левандовски во 60-тата минута. Во Осасуна сметаат дека на почетокот на таа акција имало прекршок врз нивни фудбалер.

„Многу ситуации беа досудени во корист на Барселона. Сите можевме тоа да го видиме. При голот на Левандовски имаше прекршок. Невозможно е да се борите со вакви нешто.

Кога видовме што се случува требаше да го напуштиме теренот. Суперкупот постои само за Барселона и Реал Мадрид, останатите се тука само да пополнуваат место“, смета Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…