Српскиот фудбалер роден во Германија Лазар Самарџиќ како и во претходниот преоден рок и во овој е во центарот на вниманието. Минатото лето му пропадна скоро договорениот трансфер во Интер, а сега слична беше ситуацијата со Наполи.
Според последните информации Самарџиќ и неговиот татко на крајот се договориле со Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи и Удинезе претходно постигнаа договор и Самарџиќ требаше да биде замената за Елмас, но проблем како и со Интер настана кога таткото на Самарџиќ ја отворил вратата за другите клубови поради подобрите финансиски услови.
Наводно, Јувентус брзо реагирал и му понудил три милиони евра по сезона и тоа веднаш било прифатено. Јувентус, сега треба да се договори со Удинезе околу оштетата, но се претпоставува дека тоа нема да биде проблем.
Со Самарџиќ исто така се поврзуваше и премиерлигашот Брајтон.