Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид со 5:3 по продолженијата во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот се одигра во Саудиска Арабија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лука Модриќ во 67. минута беше заменет со Тони Крос, кој беше исвиркуван од домашните навивачи при секој контакт со топката.
Саудијците му замерија на Германецот за неговиот коментар за трансферот на младиот шпански играч за врска Габри Веига од Селта Виго во Ал-Ахли.
Да потсетиме, еден од најдобрите млади играчи во Ла Лига сериозно се поврзуваше со Реал Мадрид и Наполи, но ја избра Саудиска Арабија поради побогатиот договор.
Тони Крос ја коментираше одлуката на Веига.
„Срамно“, напиша Крос на Инстаграм, покажувајќи дека воопшто не се согласува со одлуката на младата шпанска ѕвезда да замине во Ал-Ахли и покрај интересот на моќните клубови.