Веќе утре ќе го започнеме осмото учество на европските првенства. Прв противник – актуелниот олимписки шампион Франција, 18:00 часот.
Уствари, Македонија го отвара ЕП кое е историско во секоја смисла. Прв пат ќе се игра ракомет, на фудбалски стадион. Македонија ќе игра во Диселдорф, на стадионот „Меркур Шпил Арена“, пред 50.000 гледачи (што ќе претставува и нов рекорд на гледаност на еден ракометен меч).
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Германците ветија спектакл и тоа и го направија. Стадионот беше претворен во ракометна арена, се постави терен и монтажни трибини кои ќе бидат дополнување за регуларните седишта. Сега нашите ракометари можат само да уживаат во историјата.