Повторно се зборува за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Договорот на францускиот интернационалец со Пари Сен Жермен истекува на крајот на јуни, па една од најважните теми на „фудбалскиот пазар“ е токму оваа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Очигледно, договор е постигнат. Францускиот новинар Санти Ауна тврди дека се е решено и дека Мбапе ја прифатил понудата на Мадрид.
Секако, останува да видиме дали ова е само уште една „промашена“ шпекулација или навистина е постигнат договор со 25-годишниот напаѓач со „Кралскиот клуб“.
Потсетуваме и на зборовите на Мбапе од пред неколку дена во врска со иднината.
Моите мисли се насочени кон оваа сезона и кон постигнување на најдобриот резултат со ПСЖ. За мене тоа е најважно во моментов. Имаме уште многу трофеи за освојување, досега го земавме само Суперкупот на Франција, а останатото е првенството, како и Лигата на шампионите. Пред тоа, не размислувам да заминам. Имам договор со претседателот на клубот, се друго не е важно во овој момент – беше изјавата на фудбалерот кој дојде во ПСЖ летото 2018 година.
Според проценките на Трансфермаркт, моменталната пазарна вредност е 180 милиони евра, па сега останува да се види дали раководството на „Светците“ ќе успее да го убеди да продолжи со соработката, или ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен агент.
🚨EXCL: ⚪️🇫🇷 #Liga |
— Santi Aouna (@Santi_J_FM) January 7, 2024
❗️ Kylian Mbappé va rejoindre le Real Madrid la saison prochaine ✍️💣
▶️ Un accord a été trouvé ces derniers jours avec l'attaquant français 🔐
Avec @sebnonda https://t.co/utOlZ1dfgD pic.twitter.com/zrohH6MIs9