Дома Македонски спорт Мак ракомет Фудбалскиот стадион на кој Македонија ќе го отвори Европското првенство е подготвен 📸

Фудбалскиот стадион на кој Македонија ќе го отвори Европското првенство е подготвен 📸

Репрезентацијата на Македонија како што е познато на Европското првенство ќе има чест да игра на фудбалски стадион во Дизелдорф и тоа против моќната Франција.

Натпреварот против Французите го играме на 10-ти јануари од 18:00 часот на „Меркус Шпил Арената“. Тоа ќе биде прв натпревар на првенството, а веднаш потоа домаќинот Германија ќе игра против Швајцарија во натпревар кога треба да биде поставен рекорд по гледаност на еден ракометен натпревар.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Стадионот во Дизелдорф деновиве беше претворен во ракометна арена, се постави терен и монтажни трибини кои ќе бидат дополнување за регуларните седишта. Македонија само првото коло ќе го игра во Диселдорф потоа се сели во Берлин каде што ќе се доигра групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…