Дома Трансфер зона Jувентус победил во битката со миланските гиганти: Добива одлично засилување за три милиони евра

Jувентус победил во битката со миланските гиганти: Добива одлично засилување за три милиони евра

Во јануарскиот преоден рок Јувентус би можел да ја засили одбраната со дефанзивецот Тиаго Џало кој е во потрага по нов клуб.

Според информациите „старата дама“ ќе плати три милиони евра за услугите на Џало, но конкуренција за неговиот потпис им прават и миланските гиганти. Сепак, во овој момент клубот од Торино е фаворит за неговиот потпис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Договорот на Џало истекува на крајот од сезоната и овој месец е последната шанса Лил да заработи од неговото заминување. Португалскиот стопер има 23 години и може да ги покрива сите позиции во одбраната, токму и затоа за него има голем интерес, па тешко е да се очекува дека ќе го продолжи договорот со францускиот тим.

Џало во младинските категории има искуство во Италија бидејќи беше дел од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…