Дома Останати Тенис Надал блеска: Изгуби само три гема и обезбеди четвртфинале!

Надал блеска: Изгуби само три гема и обезбеди четвртфинале!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го совлада Џејсон Кублер со 2:0 (6:1, 6:2) и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн.

По подолга пауза Надал се врати на теренот, а пред два дена го совлада и Доминик Тием. Шпанецот ќе игра во четвртфинале на турнир за прв пат по Вимблдон во 2022 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Надал доминираше од почетокот до крајот на мечот. Во првиот сет брзо дојде до водство од 5:0 и лесно дојде до предност во сетови.

Во вториот сет направи брејк на стартот, поведе со 2:0, а при резултат 3:2 врза три гема и стигна до победата.

Надал во четвртфиналната фаза на турнирот во Австралија ќе игра против Џордан Томпсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Симеоне викендов испишува историја: Ова не му успеало на никој друг!

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во истори…